Дома Трансфер зона Милан веќе донесе пет, а планира уште 6 нови засилувања!

Милан веќе донесе пет, а планира уште 6 нови засилувања!

Дека во Милан сериозно размислуваат за следната сезона и градење на респектибилен тим, говори фактот што „росонерите“ се еден од најактивните клубови во Европа.

Милан веќе потроши повеќе од 100 милиони евра и донесе пет нови засилувања – Матео Мусакио, Франк Кеси, Рикардо Родригез, Андре Силва и Фабио Борини.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Следен на списокот на „росонерите“ е италијанскиот репрезентативец Андреа Конти од Атланата, кој игра на позиција десен бек. Играчот веќе има договор со Милан, а двата клуба денес треба да ги договорат последните детали од трансферот кој ќе „тежи“ 24 милиони евра.

Со тоа Милан ќе ја комплетира одбраната, но планира да донесе уште две засилувања во средниот ред и две во нападот.

Веќе подолго време миланскиот гигант е во преговори со Лацио за Лукас Биглија, па се очекува двата клуба да најдат заеднички јазик следната недела. Притоа Милан се поврзува и со бразилскиот репрезентативец и ѕвезда на Сантос, Тиаго Маиа чиј трансфер треба да изнесува 14 милиони евра.

Во нападот Милан ќе донесе уште еден центален напаѓач, а прва мета е Никола Калиниќ од Фиорентина. Хрватот веќе има договор со Милан, а двата клуба се во преговори.

На позиција лево крило „росонерите“ сакаат да го донесат Хакан Чалханоглу од Леверкузен. И за овој трансфер преговорите се во напредна фаза, а медиумите тврадат дека трансферот ќе изнесува помеѓу 20 и 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Погба доби намалување на казната, но Јувентус не го сака: Французинот има две опции

Французинот Пол Погба во текот на вчерашниот ден доби одлична вест бидејќи суспензијата му…