Дома Фудбал Италија Милан „блиндира“ тројца важни фудбалери

Милан „блиндира“ тројца важни фудбалери

Милан игра одлично сезонава и е најсериозен конкурент на Интер во битката за титулата во Серија А.

Мисијата на клубот е што побрзо да обезбедат нови договори за најважните фудбалери на тимот, а Малдини за таа цел издвоил 80 милиони евра.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Газета дело Спорт“ пренесува дека преговорите се во напредна фаза со Тео Хернандес, Рафаел Леао и Исмаил Бенасер.

Тројцата фудбалери имаат договори со „росонерите“ до 2024 година, но Милан сака да ја продолжи соработката и да им даде зголемување на платата.

Се очекува тројцата наредниот месец да стават потписи на договори до 2026 година според кои ќе заработуваат по 4 милиони евра.

Преговорите со Френк Кеси се во застој и големи се шансите тој на крајот на сезоната да си замине како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Азар: Би го укинал ВАР. Неправдата има своја убавина во фудбалот

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Челси, Лил и белгиската репрезентација, Еден Азар, по…