Дома Останати Кошарка МЗТ Скопје по четврти пат го враќа Синовец, Мајсторовиќ пак заминува од Аеродром

МЗТ Скопје по четврти пат го враќа Синовец, Мајсторовиќ пак заминува од Аеродром

По четврти пат во својата кариера, бекот на Мега, Стефан Синовец повторно ќе ја задолжи опремата на актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје.

По настапот за Мега во АБА лигата, Стефан Синовец потпиша договор до крајот на сезоната со „Штрковите“, каде веќе настапуваше три пати во изминатите неколку години.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Стефан Синовец пристигна во редовите на Мега пред почетокот на сезоната и во АБА лигата за 22,2 минути во игра во просек бележеше 9,4 поени, 3,1 скок и 2,6 асистенции.

Најдобрата партија ја понуди токму во последниот меч и победата против Игокеа со 99:87 каде беше близу трипл-дабл учинок со 11 поени, осум скока и 12 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Џинот Марјановиќ возеше тракторот низ нива и стана хит на социјалните мрежи (Видео)

Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ повторно ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи…