Дома Македонски спорт Мак баскет МЗТ доминира во АБА лигата: Тројца меѓу најдобрите на колото!

МЗТ доминира во АБА лигата: Тројца меѓу најдобрите на колото!

Победата на МЗТ Скопје над Партизан на стартот од АБА-лигата го одбележа колото, па двајца играчи на македонскиот клуб се меѓу надобрите на колото.

Дамјан Стојановски за малку не е МВП на колото, Бојан Трајковски имаше најмногу скокови, а Ерик Гарсија е втор најдобар асистент.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Стојановски заедно со Матијас Лесорт од Црвена Звезда имаат втор највисок индекс рејтинг од 30 поени, пред нив е само Лука Жориќ од Цибона со 34.

Бојан Трајковски на натпреварот со Партизан покрај 20 поени имаше и 14 скокови, најмногу во првото коло, додека новиот плејмејкер на МЗТ, Ерик Гарсија, на дуелот со Партизан подели девет асистенции. Една повеќе од Гарсија имаше новиот играч на Партизан, Најџел Вилијам-Гос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…