Долго, долго во светот на фудбалот ќе се зборува за третиот гол на Лионел Меси во вчерашниот натпревар помеѓу Бетис и Барселона.
Аргентинецот запиша хет-трик против Бетис, а посебно се издвојува третиот гол кога го лобуваше голманот на Бетис и по којзнае кој пат го воодушеви фудбалскиот свет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меси беше многу расположен во текот на целиот натпревар и оние кои го гледаа натпреварот веројатно можеа да почуствуваат дека може да се случи нешто спектакуалрно.
Се случи тоа пред самиот крај на натпреварот, а после погодокот неговото име го скандираа и навивачите на Бетис.
Одредени фудбалери на Бетис и Барселона навистина беа зачудени после тој гол на Меси. Серхио Роберто, но и уште неколкумина се држеа за глава, а всушност беа вистински среќници што можат да бидат сведоци на гол кој ќе влезе во фудбалските анали.
Real Betis fans applaud for Messi pic.twitter.com/sUffeM6Y7a
— IM10 (@messilya) March 18, 2019
Вчера Меси сруши неколку рекорди. Аргентинецот стана првиот играч кој постигнал пет голови директно од слободен удар во петте најсилнит првенства и Лигата на шампионите оваа сезона.
Потоа стигна до бројката од 600 постигнати голови за тимовите за кои настапувал: Барселона (589), Барселона Б (6), Барселона Ц (5).
Покрај тоа со новиот хет-трик Меси се изедначи со бројот на хет-трикови на Кристиано Роналдо во Примера и сега двајцата имаат по 34.