Дома Фудбал Меси стана првиот играч кој постигнал 400 погодоци во една лига

Меси стана првиот играч кој постигнал 400 погодоци во една лига

Аргентинецот Лео Меси вчера го постигна 400. гол во шпанската Ла Лига.

Меси се запиша во стрелците на натпреварот Барселона – Еибар и тоа беше негов 400. погодок во шпанскиот шампионат.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Така овој играч стана првиот кој постигнал 400 голови во Ла Лига и втор играч во историјата кој постигнал 400 погодоци во петте најсилни лиги.

Единствено пред него тоа го направи Роналдо. Португалецот постигна 409 голови, но на Меси му беа потребни 63 натпревари помалку да стигне до ова достигнување.

Роналдо головите ги постигна во Премиер лигата, Ла Лига и Серија А, додека Меси сите гоови ги постигна во една лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед работи на трансферот на Ѓекереш

Една од главните задачи на Манчестер Јунајтед во летниот трансфер период е да доведат одли…