Дома Фудбал Останато Меси се уште е дел од WatsApp групата на Барселона

Меси се уште е дел од WatsApp групата на Барселона

Играчот за врска на Барселона, Френки де Јонг зборуваше за евентуалното заминување од клубот на Лионел Меси.

Вистинска „бура“ настана после одлуката Меси да ја напушти Барселона после цели 20 години.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Аргентинецот влезе во отворена „војна“ со раководството бидејќи смета дека има право да го раскине договорот и да замине без обештетување.

Тој дури и одбива да ги извршува обврските кон клубот и не доаѓа на тренинзи со остатокот од тимот.

Де Јонг призна дека Меси се уште е дел од WatsApp групата на Барселона каде се сите членови на тимот.

„Се надевам дека Меси ќе биде се уште тука кога ќе се вратам, но тоа не зависи од мене. Се уште е на групниот чат“, изјави Де Јонг и додаде:

„Не сум некој кој би разговарал со него за оваа ситуација. Сигурен сум дека има многу луѓе околу себе и ќе донесе вистинска одлука“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…