Дома Фудбал Останато Меси се спрема за живот во Париз, почна да учи француски

Меси се спрема за живот во Париз, почна да учи француски

Шпекулациите дека Меси ќе се пресели во Пари Сент Жермен после завршување на сезоната се се погласни.

Договорот на Меси со Барселона истекува на крајот на сезоната, а секој изминат ден се поизгледни се шансите Аргентинецот да го напушти „Камп Ноу“ како слободен агент.

Во моментов прв кандидат за неговиот потпис е Пари Сент Жермен, кој не крие дека го сака Меси и дека се спремни да почнат преговори.

Еден од најдобро упатените француски новинари, Жефри Герети тврди дека цело семејство на Меси почна да учи француски јазик.

„Зошто учи француски ако потпише за Манчестер Сити? Нема смисла. Оваа информација која можам да ја потврдам е од многу доверлив извор“ изјави Герети.

Оваа информација дополнително ги засили шпекулациите за трансфер на Меси во Пари Сент Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Memories: Легендарниот гол на Кака на „Олд Трафорд“🎥

Манчестер Јунајтед и Милан ќе играат големо европско дерби во осминафиналето од Лига Европ…