Дома Фудбал Останато Меси се враќа во аргентинската репрезентација

Меси се враќа во аргентинската репрезентација

Љубителите на фудбалот во Аргентина се израдуваа на веста дека нивниот најдобар фудбалер, Лео Меси повторно се враќа во националниот тим.

По завршувањето на Светското првенство во Русија, Меси одлучи да не настапува веќе за репрезентацијата, бидејќи му беше потребен одмор.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Аргентина, Клаудио Тапиа најави дека Лионел Меси ќе се врати во репрезентацијата во 2019 година.

„Лео никогаш не го напуштил националниот тим, па не се сомневам дека ќе се врати кога ќе биде повикан“, изјави Тапиа.

Се верува дека Меси нема да игра на пријателски натпревари за Аргентина до јуни, ќе се врати само за настап на Копа Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mанчестер сити го претстави новиот домашен дрес, еден детал ќе го имаат за првпат во историјата (Фото)

За првпат во историјата на клубот, новиот домашен дрес на Манчестер Сити за сезоната 2025/…