Дома Фудбал Лига на шампиони Меси постави два неверојатни рекорди во Лигата на Шампионите

Меси постави два неверојатни рекорди во Лигата на Шампионите

Лионел Меси го постигна првиот гол оваа сезона во Лигата на Шампионите.

Аргентинецот во третата минута постигна гол за Барселона во победата од 2:1 против Славија Прага и со тоа постави неверојатен рекорд во најелитното натпреварување. Со овој гол Меси стана првиот фудбалер во историјата кој постигна еден или повеќе голови во 15 последователни сезони во Лигата на Шампионите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Првиот гол во Лигата на Шампионите Меси го постигна 2. ноември 2005. година против Панатинаикос, а против Славија го постигна 113. гол во 138. настап во Лигата на Шампионите и е втор најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување зад Роналдо (127).

Исто така, Меси до сега во пет сезони заврши како најдобар стрелец во Лигата на Шампионите. Славија беше 33. екипа против која Меси постигнал гол во Лигата на Шампионите, што го прави недопирлив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Капитенот се исплаши од црна магија: Неговата реакција стана хит

Фудбалскиот тим на Јамајка и понатаму се бори за учество на годинешното Светско првенство.…