Лионел Меси вечерва против Севиља ќе го одигра својот јубилеен 600. официјален натпревар за Барселона и така ќе стане третиот играч во историјата на Каталонците кои го нарпавил тоа.
Само легендарните Чави со 767 и Иниеста со 642 натпревари пред Меси пристигнаа до таа голема бројка.
„Тоа е огромна работа, да одиграте толку натпревари за ист клуб и да псотигнете толку голови, како и асистенции. Меси е од огромна важност за овој клуб“, изјави тренерот Ернесто Валверде.
Меси дебитираше за Барселона во 2004. година, а на досегашните 599 натпревари постигна неверојатни 523 гола и рекордни 360 во Ла Лига.
Со Барселона освои осум титули во Ла Лига, пет Купови на Кралевите, шест суперкупови на Шпанија, четири Лига на Шампиони, три суперкупови на Европа и три светски клупски првенства.
Го сметаат за најдобар играч во светот во овој момент, а некои истакнуваат дека е и најдобриот во историјата на фудбалот.