Дома Фудбал Италија Меси одигра само шест натпревари, Интер Мајами остана без плеј-оф, но Аргентинецот може да освои важна награда

Меси одигра само шест натпревари, Интер Мајами остана без плеј-оф, но Аргентинецот може да освои важна награда

Лионел Меси ќе биде конкурент за наградата дебитант на годината во МЛС, иако одигра само шест првенствени натпревари за Интер Мајами, а неговиот тим не се пласираше во плеј-офот.

Аргентинскиот напаѓач (36) му се приклучи на клубот во јули. Тој постигна 11 гола во сите натпреварувања, помагајќи му на Мајами да го освои воведниот Лига куп.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


За жал на Интер Мајами, но и публиката која доаѓа на натпреварит во МЛС, Меси имаше повреда во клучниот период, па Интер Мајами без него не успеа да оствари важни победи и да обезбеди место во плеј-офот.

Преостанатите конкуренти за оваа награда се: Јоргос Јакумакис од Атланта и играчот од средниот ред на Сент Луис Сити, Едуард Ловен.

Место не добија соиграчите на Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Звезда на Интер го напушта клубот за 21 милион евра!

Според италијанските медиуми, Џузепе Марота алфа и омега на Интер веќе почнал да ги склопу…