Лионел Меси откако ја освои седмата „Златна топка“ имаше и интервју за „Франс Фудбал“ во кое меѓу другото и откри зошто ја одбил 10-ката од Нејмар кога пристигнал во ПСЖ.
Кога пристигнал во клубот ПСЖ му ја понудил 10-ката откако Нејмар се согласил да му го отстапи бројот, сепак Меси ја одбил таа понудата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„10-ката е за него. Дојдов тука како нов во тимот да помогнам, навистина тоа беше исклучителен гест од негова страна. Да бидам искрен и го очекував затоа што го познавам Нејмар. Долго време поминавме заедно во Барселона и сме добри пријатели. За мене е фер тој да го носи дресот со број 10, затоа се одлучив за 30“.
Не се гледа себе како најдобар во историјата.
„Никогаш не сум кажал дека сум најдобар во историјата, доволно ми е да бидам еден од најдобрите во историјата. Такво нешто никогаш не ме интересирало и нема да посветувам внимание дали сум или не“, изјави Меси.