Тренерот на Јувентус, Максимилијано Алегри верува дека Лионел Меси и Кристиано Роналдо веќе имаат свои наследници, играчи кои ќе ги наследат кога ќе престане нивната доминација, а според него, наследниците на Роналдо и Меси се Паоло Диабала и Нејмар.
Десет години трае доминацијата на фудбалерите од Аргентина и Португалија, кои до сега освоија по Златни топки.
Како што тврди Алегдри, наследници се Нејмар и Дабала, играчи кои ќе го запрат најголемото ривалство во историјата на фудбалот. Пред неколку месеци Роналдо беше запрашан кој ќе ги замени него и Меси, а тој одговори слично како и Алгери, но ги додаде Рашфорд, Асенсио, Мбапе, Гризман и Азар.
За Нејмар многумина тврдат дека е легитимен наследник на споменатите двајца. „Златното момче“ има 26 години и сигурно дека пред него има уште четири-пет години актактивен врвен фудбал и според многумина, тој ќе ја освои Златната топка по доминацијата на Меси и Роналдо.
Младиот Аргентинец пристигна во Јувентус 2012. година за 40 милиони евра, а денеска за него се интересираат клубови како ПСЖ и Манчестер Јунајтед кои нудат повеќе од 100 милиони евра за играчот на Јуве. Неговата улога во репрезентацијата на Аргентина би требало да стане доминантна на Светскто првенство во Русија, најверојанто последниот настап на Меси во дресот на Аргентина.