Селекцијата на Аргентина се наоѓа во огромен проблем пред последното коло од квалификациите, но Лионел Меси доби ветување дека ќе има неочекувана помош и тоа од Бразил!
Наводно, Нејмар и Меси имале контакт во претходните денови и Бразилецот му ветил на својот поранешен соиграч од Барселона дека неговиот тим ќе направи се за да и помогне на Аргентина во борбата за пласманот на Мундијалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според, најавите селекторот на Бразиле ќе излезе со прилично силен состав иако Аргентина им е најголем ривал на „кариоките“, сакаат чесно и професионално да го одиграат последното коло, а посебно бил мотивиран Нејмар кој му ветил на Меси дека неговата репрезентацијата ќе игра на победа.
На Бразилците овој натпревар ништо не им значи, тие од поодамна го обезбедија директниот пласман на Светското првенство, но затоа на Чилеанците им „гори под нозете“.
Чиле има само еден бод повеќе од Аргентина и подобра гол разлика, но би можел да испадне, ако изгуби од Бразил, а Аргентина слави над Еквадор, но и реми на Колумбија и Перу.