Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Меси доби мотив повеќе пред натпреварот со Хрватска

Меси доби мотив повеќе пред натпреварот со Хрватска

Аргентина вечерва е под импетарив за победа против Хрватска.

Се очекува одличен натрпевар, а се разбира сите очи на навивачите на Аргентина се вперени кон Лионел Меси. Аргентинецот одигра многу слабо во првиот натпревар против Исланд, не искористи пенал, а камерите го „фатија“ загрижен и замислен по еден тренинг. Изложен на критики на медиумите и нацијата, сите се свесни за големиот притисок кон брзиот фудбалер на Барселона.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


„Лошо се чувствува и многу малку комуницира“, изјави за англискиот таблоид „Мирор“ извор близок до аргентинската репрезентација.

Во селекцијата на Аргентина изгледа дека прават се само Меси да биде оној вистинскиот, а во прилог на тоа оди тоа што селекторот Сампаоли го пуштил Меси да разговара и со неговата сопруга. Натпреварот против Хрватска започнува во 20:00, а дали Меси ќе проработи и ќе биде клучна карика на Аргентинците останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Дали Меси ќе игра на Мундијалот 2026 година?

Лео Меси се чини дека има намера да игра за својата Аргентина и на СП 2026 кое ќе се одржи…