Дома Топ вести Медиумите објавија дека Дани Алвеш се самоубил, па стигна демант

Медиумите објавија дека Дани Алвеш се самоубил, па стигна демант

Бразилски новинар прошири лажна вест дека Дани Алвеш извршил самоубиство во затвор, а веста мораше да ја демантира братот на поранешниот фудбалер на Барселона.

Алвеш е осуден на затворска казна поради силување во ноќен клуб во Барселона, а новинарот Пауло Албукерке утринава објавил дека фудбалската ѕвезда извршила самоубиство.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неј Алвеш, братот на поранешниот бразилски репрезентативец веднаш излезе со демант.

„Има толку многу суровост кај луѓето, толку многу суровост. Брат ми беше осуден поради зборовите на една жена која влезе во машкиот тоалет и направи нешто за што само двајцата знаеја. Веќе осудивте човек, не е доволно? Тој веќе има казна. Тој е во затвор. Сега го сакате мртов“, истакна Неј Алвеш.

На 22 февруари, судот во Барселона го осуди 40-годишниот Алвеш на 4,5 години затвор за силување девојка во локален ноќен клуб во 2022 година. Покрај тоа, фудбалерот мора да плати 150 илјади евра на жртвата во вид на морална отштета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…