Дома Топ вести Медиумите во Шпанија тврдат: Барса спрема доживотен договор за Меси!

Медиумите во Шпанија тврдат: Барса спрема доживотен договор за Меси!

messi

Според пишувањето на шпанските медиуми, управата на Барселона подготвува доживотен договор за најголемата ѕвезда на овој тим Лионел Меси.

Да потсетиме, Каталонците минатата недела договорија слична соработка со Андрес Иниеста, а тоа би требало да се случи и со нивната прва ѕвезда на тимот Лионел Меси.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Иднината на Меси во Барселона претходните неколку месеци многу се доведуваше во прашање бидејќи различни медиуми пишуваа дека Аргентинецот би можел да ги напушти редовите на гигантот од Каталонија.

Меѓутоа сега во медиумите во Шпанија се пишува дека Барселона нема да дозволи нов случај „Нејмар“ во кој Меси за голема сума би преминал во некој друг клуб. Токму поради тоа Каталонците на Аргентинецот му припремаат доживотен договор.

Сепак, треба да се спомене и желбата на Меси кој јавно истакнуваше дека кариерата сака да ја заврши во својот клуб од детството Њуелс Олд Бојс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фернандеш: Ги изневерив соиграчите…

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш изјави дека ги разочарал своите соиграчи …