Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер го нарекол својот соиграч Фред „е*ан идиот“ за време на натпреварот со Лидс.
Микрофоните на телевизијата која во живо го пренесуваше натпреварот ги „фатија“ зборовите на Мегваер.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
После мечот менаџерот Солскјер беше запрашан за коментар, но тој се обиде да ја „испегла“ ситуацијата.
„Ние сме група на фудбалери кои имаат високи очекувања еден од друг. Стандардот е висок како за време на тренинзите, така на натпреварите. Не е секогаш потребно да си мил кон соиграчите“, изјави Солскјер.
Мегваер не даде свој коментар за ситуацијата после завршување на мечот.