Дома Останати Тенис МЕГА СКАНДАЛ во тенисот: Долгополов ја направил најголемата измама во историјата на тенисот!?

МЕГА СКАНДАЛ во тенисот: Долгополов ја направил најголемата измама во историјата на тенисот!?

Тенискиот свет е во шок поради скандалот во кој главен актер е тенисерот Александар Долгополов.

Украинецот кој денес е 63 тенисер во светот, а до неодамна и 13, во првото коло турнирот Винтон Салем играше против 115 тенисер во светот, Бразилецот Тиаго Монтеиро и беше апсолутен фаворит.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Меѓутоа, непосредно пред почетокот на натпреварот се случуваа невобичаени работи во обложувалниците. Неколку часа пред почетокот на натпреварот коефицентот за победа на Долгополов против Монтеиро беше 1..25, а за победа на Бразилецот дури 4. Но само десет минути пред почетокот, Долгополов доби 4, а Монтеиро 1.25.

Веднаш се проширија гласини дека тој натпревар наместен, во поголемиот број европски обложувалници овој меч беше и блокиран.

За жал, оние кои се соменваа во измама беа и во право. Во целиот натпревар Долгополов не доби ниту една брејк топка. Тоа во последните две сезони му се случи само два пати и тоа кога играше против Роже Федерер.

Покрај тоа Украинецот во текот на целиот меч изгледаше отсутно и правеше грешки кои се својствени за аматер. Гледачите беа шокирани, не можеа да веруваат дека присуствуваат на, како што многумина истакнуваа најочигледната измама во светот на тенисот.

Шокиран беше и Монтеиро кој се чудеше на грешките на Долгополов. Бразилецот на крајот го доби мечот со 6:3, 6:3, после 55 минути тениска трагикомедија.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ испрати порака по инцидентот во Загреб (Фото)

Жителите на Загреб во петокот беа шокирани од злосторството во Основното училиште Пречко. …