Најпријатно изненадување оваа сезона во Лигата на шампиони е секако тимот на Монако, кој во полуфиналето ќе ги одмери силите со италијанскиот шампион Јувентус.
Најголемата ѕвезда на тимот од „кнежевството“, Килијан Мбапе е среќен што ќе има можност да игра против легендарниот Буфон, но вели дека сака да излезе како победник од овој дуел.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Буфон? Тој е пример за еден фудбалер. Тој е голман го испиша историја во оваа игра и сигурно е еден од најдобрите во историјата. Навистина сум горд што ќе се натпреварува против него. Како играч секогаш работиш да се натпреваруваш против најдобрите, а токму Буфон е еден од нив. Кога ќе се најдете во таква ситуација, дефинитивно посакувате да го победите“, истакна 18-годишниот Французин.
Буфон успеа да ја сочува мрежата против Меси и компанија, а дали тоа ќе му успее против Мбапе, останува да видиме.