Дома Фудбал Останато Мбапе проговори за иднината: Немам донесено одлука!

Мбапе проговори за иднината: Немам донесено одлука!

Килијан Мбапе во моментов е главна тема во фудбалскиот свет, откако синоќа ја покори Барселона со хет-трик.

22-годишниот Французин е трансфер цел на Реал Мадрид, а на лето влегува во последната година од договорот со ПСЖ.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Светците“ му нудат богат договор, но Мбапе тврди дека се уште не донел конечна одлука за својата иднина.

„Немам донесено одлука, во моментов дресот на ПСЖ е единствениот кој сакам да го носам, еден одлично одигран натпревар нема да ме забрза во носењето на одлуката, дали да го продолжам договорот и да останам во Париз“.

„Јас сум среќен тука, моја работа е да играм, не за да ги замолчам критичарите, туку да уживам во тоа што го правам и секако да му помагам на мојот тим да победува“, изјави Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…