Килијан Мбапе повторно се најде во центарот на вниманието поради ситуации кои не се поврзани со фудбалскиот терен.
ПСЖ минатиот викенд на гостувањето во Нант патуваше со авион, а тоа јавноста во Франција го сметаше за исмејување на останатите граѓани на оваа земја затоа што во Франција располага и со супер брзи возови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Низ Европа нормална појава е клубовите на гостинските натпревари до поблиските дестинации да патуваат со возови или автобуси, но ПСЖ без оглед на одалеченоста патува со авион.
Очигледно ѕвездите на овој клуб се навикнаа на луксуз и тоа што за „обичните“ луѓе е нормална појава за нив можеби е понижување. На прес-конференцијата пред вечерашниот натпревар против Јувентус новинарите го запрашаа Мбапе дали очекува во иднина да патува со воз, а не со авион.
На ова француската суперѕвезда почна гласно да се смее. Тренерот Галтие иронично одговори дека наредниот пат ќе патуваат со трицикл.
Kylian Mbappé et son entraîneur Christophe Galtier rigolent quand on leur demande s’ils envisagent de voyager en TGV plutôt qu’en avion pour leurs matchs. pic.twitter.com/PS6K4ER211
— Brut FR (@brutofficiel) September 5, 2022