Францускиот напаѓач Килијан Мбапе на средината на мај реши да остане во ПСЖ, иако постоеше голем интерес од Реал Мадрид, а претседателот Флорентино Перез наводно и лично разговарач со играчот.
Напаѓачот реши да остане во Париз и потпиша договор до 2025 година, со плата од еден милион евра неделно, а за бонус за потпис на соработката доби 100 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мбапе даде интервју за „Њујорк Тајмс“ во кое зборуваше за различни теми, а една од нив е дали парите биле пресудни да остане во Париз.
„Не беа пресудни затоа што каде и да добро ќе заработам“, кажа Мбапе.
Французинот потврди и дека во преговорите бил вклучен и претседателот на државата, Емануел Макрон, а на крај даде коментар и за Реал.
„Сонот за Реал Мадрид? Никогаш не се знае што ќе се случи во иднина“, кажа Мбапе.