Дома Фудбал Останато Мбапе не попушта: Си ги бара парите – ПСЖ може да биде казнет!

Мбапе не попушта: Си ги бара парите – ПСЖ може да биде казнет!

Килијан Мбапе сврте нова страница во кариерата откако потпиша за Реал Мадрид, но францускиот фудбалер уште има работа со ПСЖ.

Мбапе бара 55 милиони евра од ПСЖ кои францускиот клуб му ги должи. Фудбалерот ги известил Лига 1 и УЕФА за неговиот проблем.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Доколку одбие да му ги исплати парите кои му ги должи, ПСЖ може да се соочи со големи казни.

Лига 1 има моќ да му забрани на ПСЖ да прави трансфери додека не му ги врати парите на Мбапе.

А УЕФА може да му ја одземе лиценцата на ПСЖ за настап во нивните натпреварувања.

Се чини дека ситуацијата на ПСЖ е таква што повеќе им се исплати да му ги дадат парите на Мбапе кои му ги должат отколку да бидат тврдоглави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поранешниот фудбалер на Челси кој избра пари место слава ја завршува кариерата на 34 години поради проблеми со срцето

Бразилскиот фудбалер Оскар (34) е принуден да ја заврши својата кариера откако беше хоспит…