Дома Фудбал Мбапе не е единствен кој го изневерил Реал ова лето

Мбапе не е единствен кој го изневерил Реал ова лето

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Килијан Мбапе летово требаше да се пресели во Реал Мадрид, но во последен момент се предомисли и потпиша нов договор со ПСЖ.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез смета дека е измамен поради потегот на Мбапе, па сега не сака да тргне по потписот на Французинот кој кажа дека не е среќен во ПСЖ.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми пишуваат дека Мбапе не е единствен кој го изневерил Реал Мадрид, туку тоа го направил и Луис Кампос.

Познатиот спортски работник имал договор со шпанскиот шампион за преземање на позицијата на спортски директор, но потоа се појавил ПСЖ.

Парижаните испратиле понуда каква што не се одбива и му ветиле огромна моќ, па затоа Кампос се преселил во ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе: Нема да играм за луѓе кои ме нарекуваат мајмун. Се мислев да ја напуштам репрезентацијата на Франција

КИЛИЈАН МБАПЕ (27) е капитен на репрезентацијата на Франција, а му недостига уште само еде…