Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе се најде на врвот на рангирањето на најскапите играчи во светот според „CIES“.
Меѓународниот центар за фудбалски истражувања, состави листа на најскапите фудбалери во светот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во анализата се земени во предвид должината на договорите на фудбалерите, нивната трансфер-вредност, како и возраста.
Мбапе, според проценките, вреди 205.6 милиони евра, со што е убедливо на првото место пред ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор со 185.3 милиони евра, a новото засилување на Манчестер сити, Ерлинг Халанд е проценет на 152.6 милиони евра.
Во Топ 10 најскапи фудбалери:
1. Килијан Мбапе, ПСЖ – 205,6 милиони евра
2. Винисиус Жуниор, Реал Мадрид – 185,3
3. Ерлинг Халанд, Манчестер Сити – 152,6
4. Педри, Барселона – 135,1
5. Џуд Белингем, Борусија Дортмунд – 133,7
6. Фил Фоден, Манчестер сити – 124
7. Френки де Јонг, Барселона – 112,5
8. Луис Дијаз, Ливерпул – 110
9. Рубен Диас, Манчестер Сити – 109,6
10. Феран Торес, Барселона – 109,5.