Ѕвездата на француски Монако е една од главните теми ова лето.
Монако минатата сезона ја воодушеви фудбалската јавност ширум Европа со одличните настапи како во Лигата на шампионите, така и во француското првенство.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Францускиот клуб успеа да стигне од полуфиналето од Лигата на шампионите, а домашното првенство успеаа и да го освојат, постигнаа повеќе од 100 погодоци и беа една од најефикасните екипи на „стариот континент“.
Сепак уште на стартот на летото тимот започна да се распаѓа, Бернардо Силва премина во Манчестер Сити, а на чекор од заминување се Менди, Фабињо и Бакајоко.
Сепак и покрај нив најмногу се пишуваше за суперталентираниот Килијан Мбапе. Реал е сериозно заинтересиран и во Мбапе гледаат голем потенцијал и иден предводник на новиот „Галактикоси“.
Арсенал и Ливерпул исто така покажаа интерес, дури наводно и испраќаа официјални понуди до Монако, но истите беа одбиени.
Но, според новите случувања изгледа дека Французинот би можел да остане во Монако. Имено, Монако ги претстави дресовите за наредната сезона, а главен модел беше токму младиот Килијан Мбапе.
Дури младиот фудбалер ја постави фотографијата и на Твитер. Покрај Мбапе место на сликата добија Фалкао, Тома Лемар, Џибрил Сидибе, како и новајлијата Јури Тилеманс.
Nouveau maillot domicile @NikeFootball pour la saison 17-18… on est fin prêts ?⚪? pic.twitter.com/oRYOSYhfwB
— Kylian Mbappé (@KMbappe) June 30, 2017