Неодамна заврши 2018 година, па како и сите други така и фудбалерите испраќаа честитки преку социјалните мрежи.
Интересна беше онаа на Килијан Мбапе, која привлече внимание. Не поради содржината, тука немаше ништо неочекувано, туку поради позадината на фотографијата.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Познато е дека младиот суперталент е голем фан и обожавател на Кристиано Роналдо, но сега кога стигна до фудбалскиот врв изгледа идол си е самиот на себе.
Добро позната беше фотографијата од собата на Мбапе со постерите од Кристиано Роналдо, е сега постерите од Роналдо ги нема и тие се заменети со постери од – Мбапе.
Да, станува збор за монтирана фотографија, но доволно зборува за неговото денешно мислење.
