Дома Фудбал Останато Мајсторија: Маестрален лоб на Анхел Ди Марија (ВИДЕО)

Мајсторија: Маестрален лоб на Анхел Ди Марија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен вечерва играат против Дижон во францускиот куп.

Она што е интересно е што вечерва во тимот на Томас Тухел, нема ниту еден од Нејмар, Мбапе и Кавани. Нејмар и Кавани се повредени, додека Тухел одлучи да го остави Нејмар на клупата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Така најистурено во нападот игра Чупо-Мотинг, а друштво му прават Дракслер и Ди Марија.

Токму последниот, Ди Марија на фантастичен начин го користи отсуството на пеколното три и има свое шоу во овој натпревар.

Прво Ди Марија го доведе ПСЖ во водство со еден маестрален лоб удар, за потоа да зголеми на 2:0, предност со која ПСЖ замина на полувремето.

Во продолжение погледнете ги двата гола на Аргентинецот, првиот веруваме ќе ве натера да го гледате неколку пати.

https://youtu.be/h-6BP_49Xpg

https://youtu.be/agbuPxmApr0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Незапамтена чистка во Реал – Шестмина заминуваат, но една разделба најмногу ги боли навивачите!

Реал Мадрид сè уште е во игра за трофеи, но сезоната е многу исцрпувачка. Кралевите ќе се …