Јувентус минатото лето го доведе Адриен Рабио кој пристигна од ПСЖ како слободен играч.
Рабио потпиша за Јувентус без оштета. Италијанскиот шампион го искористи конфликтот на неговиот агент и мајка со ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега мајката на Рабио може да стане проблем и за Јувентус. „Калчомеркато“ пренесува дека мајката на Рабио покажала незадоволство од статусот на нејзиниот син во Торино.
Тој на теренот помина нешто помалку од 200 минути, а „Дон Балон“ тврди дека мајката на Рабио дури ја контактирала и Барселона која исто така беше заинтересирана за него.
Маурицио Сари и понатаму го бара местото на Рабио во тимот. 24 годишниот играч за врска се уште не се вклопи онака како што треба.
Останува да се види дали во најавите на „Дон Балон“ има вистина или станува збор за медиумска шпекулација.