Немања Матиќ дебитираше за Манчестер Јунајтед во поразот од 2:1 од Реал во Европскиот Суперкуп.
По натпреварот во Скопје Матиќ, кој со трансфер од 45 милиони евра ова лето од Челзи се пресели во Јунајтед и стана најскапиот српски фудбалер во историјата, е единствениот играч кој застана пред новинарите во микс зоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мислам дека направивме се за да не загубиме. Игравме против многу добра и искусна екипа, знаат како да ги играат овие натпревари. Не сме среќни бидејќи загубивме, но нарпавивме се што можевме. Видовте дека можевме да изедначиме, имавме добра шанса за 2:2, но тоа е фудбалот“, изјави Модриќ.
Српските новинари се разочарани од играта и себичноста на Пол Погба, најскапиот играч во историјата на Јунајтед, па го советуваа Матиќ да го предупреди за тоа.
„Не е тоа моја работа. Имаме тренер кој е задолжен за такви работи. Јас сум само дел од тимот и мислам дека сите дадоа се од себе“
Матиќ имаше неколку дуели со Лука Модриќ…
„Тој е одличен играч. Многу е тешко да се игра против него“, изјави Матиќ пред чуварите да го избркаа од новинарите.