Дома Фудбал Англија Матиќ уште го брани Мурињо: Не е тој виновен!

Матиќ уште го брани Мурињо: Не е тој виновен!

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ застана во одбрана на Жозе Мурињо, кој беше отпуштен поради слабите резултати.

„Црвените ѓаволи“ после заминувањето на Мурињо и доаѓањето на Солскјер го декласираа Кардиф на гостувањето со 5:1.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Не знам што се промени. Никој нема одговор на тоа прашање, но сигурно е дека мораме да продолжиме по овој пат. Да се бориме и да победуваме“, истакна Матиќ, а потоа го коментираше отказот на Мурињо.

„Тоа е фудбал, но не е секогаш виновен менаџерот кога не се добри резултатите. Играчите мораат да преземат одговорност, тоа го кажав и после мечот со Ливерпул. Мораме да играме подобро, ние сме Манчестер Јунајтед“, заклучи Србинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Од Саудиска Арабија понудиле 300 милиони за три години на Хари Кејн

Саудискиот Ал-Хилал му понудил на напаѓачот на Баерн Минхен Хари Кејн богат договор од 100…