Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ од следната најверојатно сезона најверојатно ќе игра во Серија А, пренесува „Дејли Мејл“.
Според „Дејли Мејл“, српскиот интернационалец како слободен играч ќе потпише за Јувентус од кој ќе добие 10 милиони евра бонус за потписот, а неделно ќе заработува 100.000 евра.
Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
За Србинот имаше голем интерес од Рома и тоа по инсистирање на Жозе Мурињо, но фудбалерот од средниот ред е поблизу до Јувентус. Тимот од Торино има далеку поголеми финансии и може да му понуди побогат договор.
Матиќ оваа сезона одигра 32 натпревари за „црвените ѓаволи“ и забележа четири асистенции. Ќе потсетиме, Матиќ заминувањет од Манчестер Јунајтед го потврди уште пред неколку недели.