Дома Фудбал Англија Матиќ го даде првото ветување и ги расположи навивачите на „Црвените ѓаволи“

Матиќ го даде првото ветување и ги расположи навивачите на „Црвените ѓаволи“

Манчестер Јунајтед го ангажираше третото засилување ова лето, откако во тимот на Жозе Мурињо пристигна српскиот интернационалец, Немања Матиќ.

Своевремено најдобриот играч во португалската лига, платен е 40 милиони фунти, а на своето претставување го изрази своето задоволство за пристигнувањето на „Олд Трафорд“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пофални зборови за Матиќ пристигнаа и од Мурињо со кој соработуваше и на „Стемфорд Бриџ“.

Матиќ изрази желба да ги продолжи чекорите на некогашниот капитен на „Црвените ѓаволи“ и својот сонародник, Немања Видиќ.

Матиќ и Видиќ во неколку наврати ги бранеа боите на Србија, а бившиот играч за врска на Бенфика и Челси изјави дека ќе направи се во своја моќ неговиот истоименик да не го преиспитува неговото пристигнување на „Олд Трафорд“.

„Видиќ беше фантастичен играч, еден од играчите на кои се угледував, бидејќи имаше фантастична кариера. Беше лидер на нашиот национален тим и одлично е чувството да се биде во клубот за кој тој настапуваше. Ќе направам се во моја моќ да го повторам неговиот успех. Свесен сум дека ќе биде тешко, но не сакам еден ден да ме запраша што барам овде“, истакна Матиќ по потпишувањето на тригодишниот договор со новиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Маскерано нов тренер на Меси

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Хавиер Маскерано е н…