Дома Фудбал Германија Матеус за „Златната топка“: Не ми е јасно и не е фер!

Матеус за „Златната топка“: Не ми е јасно и не е фер!

Вчера Лионел Меси ја освои „Златната топка“, иако многумина очекуваа дека таа ќе заврши во рацете на Роберт Левандовски.

Левандовски имаше фантастична година со Баерн, меѓутоа освои 580 гласови, а Меси 613. Со Баерн Левандовски ги освои сите трофеи освен Лигата на шампионите, додека Меси со Аргентина освои Копа Америка.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Лотар Матеус не е среќен што наградата заврши во рацете на Аргентинецот.

„Доделувањето на оваа награда не ми е јасно и не е фер. Го почитувам Меси и останатите, но никој не заслужи повеќе од Левандовски да биде награден“, порача Матеус.

На вчерашната церемонија Левандовски како за утеха стигна до наградата напаѓач на годината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Перез изненади со понуда каква што не се памети: „Даваме пет играчи за еден“

Реал Мадрид наводно активно се вклучи во трката за еден од најбараните дефанзивци во Европ…