Tимот на Јувентус би можел да се обиде да го доведе напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Агентот на напаѓачот веќе откри дека неговиот клиент сака да ја промени средината, а „Газета дело Спорт“ сега пренесува дека Торино е опција за Французинот.




Јувентус наводно подолго време покажувал интерес за Марсијал, сега се очекува да испрати и официјална понуда. Планот на Јувентус според најавите на „Газета“ е да го позајми Марсијал до крајот на сезоната со опција за откуп.




Сезонава Марсијал има мала минутажа во дресот на „црвените ѓаволи“ и тоа е причината поради која сака да ја промени средината.