Дома Фудбал Марсело: Роналдо не е газда на Реал, Нејмар ќе игра во Мадрид

Марсело: Роналдо не е газда на Реал, Нејмар ќе игра во Мадрид

Ѕвездата на Реал Мадрид и бразилската репезентација, Марсело ги коментираше шпекулациите за заминувањето на Реал Мадрид и доаѓањето на Нејмар на „Сантиаго Бернабеу“.

Марсело истакна дека одлуките во Реал го носи Перез, а не Роналдо и дека Нејмар е добредојден во „кралскиот“ клуб.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Кристиано не е сопственик на Реал Мадрид. Ако претседателот сака да дондесе некого, тој ќе го донесе. Зошто Роналдо и Нејмар да не можат да играат заедно? Секој во соблекувалната сака Кристиано да остане. Вратите за Нејмар се секогаш отворени. Еден ден, Нејмар ќе игра во Реал Мадрид“, изјави Марсело.

„Јас мислам дека сите најдобри фудбалери во светот мораат да играат во Реал Мадрид, ова го кажав пред две, три години, па според тоа Нејмар ќе игра во Реал Мадрид еден ден. Кога? Не знам“ додаде Бразилецо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …