Бразилскиот фудбалер Марсело (30) многу веројатно ја игра последната сезона во дресот на Реал Мадрид, очекувањата се да го напушти клубот после 12 години.
Одличниот 30 годишен фудбалер игра навистина лоша сезона и беше прогласен за главен виновник во некои од натпреварите на Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа, но и поради повредата која ја имаше Сантијаго Солари во последните неколку натпревари го остави на клупата за резерви.
Тоа секако Марсело не сакаше да го трпи. Најавено е негово заминување од клубот, а раководството на „кралевите“ веќе некое време размислува за негова замена за наредната сезона.
Шпанските медиуми тврдат дека тројца кандидати за местото лев бек во Мадрид. Тоа се Давид Алаба (Баерн), Маркос Алонсо (Челзи) и Алекс Сандро (Јувентус).
Посебна интересна е опцијата со Алекс Сандро. Познато е дека Јувентус силно сака да го доведе Марсело веќе некое време и на лето би можеле да видиме размена помеѓу овие два европски гиганти.
https://www.youtube.com/watch?v=WZ922ZcNaQo
Она што е сигурно е дека Марсело и Сандро нема да играат во ист тим. Нема шанси едниот од нив да прифати да биде конкуренцја на другиот бидејќи и двајцата сакаат стандардно место во првите 11.
Се околу потенцијалното засилување на Реал на левата бековска позиција ќе биде познато на крајот од сезоната.
Марсело за 12 години поминати во Реал Мадрид одигра 476 натпревари и постигна 36 голови.
https://www.youtube.com/watch?v=nO71d-Jbep0