Бразилскиот фудбалер Марсело (30) многу веројатно ја игра последната сезона во дресот на Реал Мадрид, очекувањата се да го напушти клубот после 12 години.
Одличниот 30 годишен фудбалер игра навистина лоша сезона и беше прогласен за главен виновник во некои од натпреварите на Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа, но и поради повредата која ја имаше Сантијаго Солари во последните неколку натпревари го остави Марсело на клупата за резерви.
Весникот „АС“, кој е близок до Реал Мадрид тврди е разочаран од моменталниот статус и донел конечна одлука да го напушти Реал Мадрид. Неговите менаџери минатата недела имале два состаноци со раководството на „кралевите“ и побарале играчот да биде ставен на трансфер листа.
Бразилецот претпочита трансфер во Јувентус, каде повторно би играл заедно со својот голем пријател и поранешен соиграч Кристиано Роналдо. Уште од летото се зборува дека „старата дама“ има сериозен интерес за потписот на 30-годишниот лев бек.
Реал нема да му стои на патот и ќе го пушти да замине доколку пристигне понуда од 50 милиони евра, па веќе почна да ја бара неговата замена.
Шпанските медиуми тврдат дека тројца кандидати за местото лев бек во Мадрид. Тоа се Давид Алаба (Баерн), Маркос Алонсо (Челзи) и Алекс Сандро (Јувентус).
Посебна интересна е опцијата со Алекс Сандро, бидејќи двата клуба можат да се договорат за размена на двата леви бека.