Дома Фудбал Италија Марота: Ќе му предложиме нов договор на Икарди, тој и Ванда нека одлучат!

Марота: Ќе му предложиме нов договор на Икарди, тој и Ванда нека одлучат!

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота синоќа се јави во емисијата „Тика-така“ во која гостуваше сопругата и агент на Мауро Икарди, Ванда Нара.

Во телевизиската емисија Ванда Нара ја кажуваше својата верзија за сега веќе бившиот капитен на Интер, Мауро Икарди. Таа изрази серизно жалење за настанатата ситуација и потенцираше дека одземањето на капитенската лента за Икарди значело „како да му одзеле едната нога“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во моментите кога Ванда со солзи во очите ја кажуваше својата верзија, во емисијата телефонски се вклучи директорот Марота и изјави дека клубот ќе му предложи нов договор на Икарди.

„Сакаме да ја смириме ситуацијата. Како што кажав неколку пати главата на едно семејство треба да носи одлуки, кои ќе му помогнат на децата да пораснат. Мауро има само 25 години и има долг пат пред себе. Со обидов заедно со тренерот да позборуваме лично со него. Тажен сум поради солзите на Ванда, но мислам дека тоа што го направивме е за доброто на Интер, Мауро и фановите“, изјави Марота.

„Нема јавно да ги кажувам причините за одлуката. Никогаш не сме имале сомнеж во професионалноста на Икарди. Веќе имаме договорена средба со Ванда на која ќе ја претставиме нашата понуда за нов договор. На нив останува да ја прифатат или одбијат. Форца Интер“, додаде Марота.

Веднаш после излагањето на Марота, Ванда даде до знаење дека во овој момент таа и Икарди не се спремни да потпишат нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…