Дома Фудбал Италија Марота се надева на комплетен Јуве: Се надевам дека Буфон ќе биде спремен за натпреварот со Интер

Марота се надева на комплетен Јуве: Се надевам дека Буфон ќе биде спремен за натпреварот со Интер

Генералниот директор на Јувентус, Бепе Марота денес зборуваше за медиумите и истакна надеж дека Буфон ќе биде спремен за дербито против Интер наредниот викенд.

Буфон има проблем со листот поради што го пропушти вечерашниот натпревар на Јувентус против Олимпијакос.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Се надевам дека Буфон ќе биде спремен за викендот кога ќе играме против Интер. Имам доверба во нашиот медицински тим и тие ќе направат се што е во нивна моќ“, изјави Марота.

Интер е лидер во овој момент во Серија А, откако минатото коло го искористија поразот на Наполи во натпреварот токму против Јувентус.

„Наполи и Интер прават неверојатни работи оваа сезона. Ние имаме отприлика исто бодови како и минатата сезона во овој дел од сезоната, па така тоа значи дека ние сме на потребното ниво, само што сега тие се подобри“, истакна Мората.

Интер има 39 бодови, Наполи 38, додека Јувентус е трет со два бода помалку.

Натпреварот помеѓу Јувентус и Интер се игра во сабота со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …