Интер е пред завршување на зделка која изгледа одлично.
Имено, познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио објави дека „нероаѕурите“ се спремни да го засилат офанзивниот дел од тим. Според неговите информации Интер е блиску до доведување на играчот на Фламиненсе, Маркос Паул.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој 19 годишен Бразилец може да игра во нападот, но и како кирло. Договорот со бразилскиот клуб му истекува на крајот од сезоната и според информациите добар дел од работите се договорени.
Бразилецот важи еден од најголемите таленти во својата земја и ако ги исполни очекувањата сигурно дека Интер би добил одлично засилување.