Дома Фудбал Италија Марота: Инзаги ќе биде тренер на Интер и следната сезона

Марота: Инзаги ќе биде тренер на Интер и следната сезона

Извршниот директор на Интер, Бепе Марота потврди дека Симоне Инзаги ќе биде тренер на тимот и следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Изминатите месеци многу се шпекулираше со иднината на Инзаги бидејќи не ги оправда очекувањата во Серија А, па медиумите тврдеа дека на лето ќе биде заменет.

Меѓутоа, после пласманот во финалето од Купот и откако е на чекор од пласман во финалето од ЛШ, сепак раководството се реши да му даде доверба.

„Инзаги ќе биде тренер на Интер и следната сезона. Ние не го оценуваме тренерот на база на еден натпревар, туку гледаме начинот на работа. Инзаги е добар тренер, оваа сезона освен битката за Скудетото, се друго е позитивно“, изјави Марота.

„Што се однесува до победата над Милан, среќен сум, но не во еуфорија, бидејќи знаеме дека има уште еден натпревар. Играме против силен тим и знаеме дека во фудбалот се е можно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Денес игра на Светското првенство, а „утре“ оди на суд поради стравични обвинувања!

Мароканскиот фудбалер Ашраф Хакими ќе треба да излезе пред судот во Франција поради обвину…