Дома Фудбал Марка: Мбапе потпиша за Реал

Марка: Мбапе потпиша за Реал

Килијан Мбапе потпиша за Реал пред две недели, открива Maркa. Францускиот напаѓач на тој начин од 1 јули ќе стане играч на мадридскиот гигант.

Мбапе пристигнува во Реал како слободен играч откако ќе му истече договорот со ПСЖ. Францускиот шампион се обиде да го задржи, постојано му испраќаше нови понуди, а 25-годишниот Мбапе пресече и потпиша за Реал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Марка открива дека Мбапе потпишал петгодишен договор со Кралевите.

Наводно, Мбапе ќе биде најплатен играч во тимот, но не и најплатен досега. Тој покрај бонуси и голем дел од парите од маркетиншки права ќе заработува околу 20 милиони евра по сезона.

Во последните две сезони во ПСЖ заработуваше 72 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо откри дали би се вратил во Реал Мадрид

Жозе Мурињо категорично ги отфрли шпекулациите за евентуално враќање на клупата на Реал Ма…