Германскиот напаѓач Марио Гомез после цели 10 години и промена на неколку клубови реши да се врати „дома“, онаму каде што ја започна кариерата.
Имено, Марио Гомез денес го напушти Волфсбург и се врати во својот Штутгард за 3,5 милиони евра, каде потпиша договор до 2020 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Среќен сум што повторно сум дома, каде што се започна. Сите знаат колку сакав да се вратам во Штутгард, клуб кој ме лансираше на големата сцена и каде го доживеав најлудиот период во кариерата, освојување на титулата во 2007 година. Штутгард ме направи тоа што сум“, изјави Гомез.
Гомез настапуваше за Штутгард од 2003 до 2009 година, а потоа се пресели во Баерн Минхен, па Фиорентина, Бешикташ и Волфсбург.