Дома Топ вести Манџукиќ се прости од Јувентус: Секогаш давав се од себе, мојата љубов не се промени!

Манџукиќ се прости од Јувентус: Секогаш давав се од себе, мојата љубов не се промени!

Maрио Манџукиќ вчера потпиша за катарскиот Ал-Духаил и така го напушти Јувентус после четири ипол години во овој клуб.

Италијанските медиуми објавија дека шампионот на Италија ќе добие пет ипол милиони евра како оштета, додека Хрватот во Ал-Духаил за година ипол ќе заработи 10.5 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес Манџукиќ за прв пат се огласи во врска со заминувањето од Торино.

„Невозможно е да се состави проштална порака после четири ипол години, но се надевам дека сите ја видовте мојата страст кон клубот и тимот во секој натпревар кој го одиграв за Јувентус. Голема благодарност и до господата Алегри и Марота кои ме доведоа во Јувентус, беше вистинска привилегија да се игра за во Јувентус. Во изминатите месеци мојата љубов и респект кон овој клуб не се промени“.

„Сакам да се заблагодарам на сите соиграчи кои ги имав во изминатите сезона, навистина уживав во секоја битка со вас, а добив многу од нив. Нема да ги заборавам победите и трофеите, резултатите, нашите квалитети, напорната работа и тимскиот дух“.

„Голема благодарност и до стручниот штаб кој работеше во позадина – тренерите, докторите, физиотерапевтите и останатите луѓе кои се грижат за играчите на Јувентус да работат во најдобри услови“.

„Конечно, најголема благодарност до прекрасните навивачи кои се причината зошто клубот е толку голем и успешен. Навистина сум благодарен на поддршката која ми ја дадовте од првиот ден. Да заклучам, секогаш давав се од себе за Јувентус. Ви посакувам се најдобро! Кога јас сум во прашање, време е за ново поглавје. Засекогаш, ваш Марио“, напиша Манџукиќ на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…