Марио Манџукиќ пред неколку дена спогодбено го раскина договорот со катарскиот клуб и во момемтов е слободен агент.
Хрватскиот напаѓач има неколку понуди, а медиумите во Италија тврдат дека би можел да се врати во Италија, и тоа во големиот ривал на Јувентус.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Имено, Интер е во потрага по искусен напаѓач кој ќе биде алтернатива за Лукаку и тренерот Конте смета дека Манџукиќ би бил идеално решение.
Ова би било многу шокантен потег на Марио Манџукиќ за навивачите на Јувентус, затоа што тој играше во нивниот клуб четири години и беше нивни миленик.
„Нероаѕурите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и наскоро ќе формулираат понуда, а Манџукиќ е отворен за враќање во Италија.