Maрио Манџукиќ беше претставен во катарскиот Ал-Духаил, хрватскиот напаѓач со насмевка позираше пред управата и навивачите на неговиот нов клуб.
„Се спремам за ново поглавје во кариерата. Ова е еден од најголемите клубови во Азија. Едвај чекам да тргнам со соиграчите во освојување на нови цели“, изјави 33 годишниот Манџукиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Катар Манџукиќ доаѓа од Јувентус каде што четири години беше еден од клучните играчи, но во последната половина година беше во втор план и без минутажа.
Од клубот порачаа дека доведувањето на напаѓач како Манџкуќ е голема работа за Ал-Духаил и воопшто за катарсктоо првенство. Договорот кој го потпиша Манџукиќ со овој клуб има важност година ипол и од него ќе заработи 10.5 милиони евра.
Mario Mandzukic has officially joined Al-Duhail after terminating his contract with #Juventus . “This is one of the biggest clubs in Asia.” https://t.co/qy3cqBViAP Image via @DuhailSC pic.twitter.com/DBZBg9OnxL
— footballitalia (@footballitalia) December 29, 2019