Дома Трансфер зона Манџукиќ ги шокирал Русите со парите кои ги побарал за двегодишен договор

Манџукиќ ги шокирал Русите со парите кои ги побарал за двегодишен договор

Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ во овој момент е без клуб откако спогодбно го раскина договорот со катарскиот Ал Духаил.

Манџукиќ на почетокот на годината премина од Јувентус во Ал Духаил, но очигледно не му се допаднала ситуацијата во Катар. Искусниот напаѓач сака да се врати во Европа и веќе има неколку интересни понуди.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За овој 34 годишен напаѓач интерес покажаа екипите на Галатасарај и Бешикташ, а сериозно во трката за неговиот потпис се вклучил и Локомотив Москва кој веќе го контактирал Хрватот и му понудил договор на две години. Како што гласат информациите преговорите не продолжиле поради високите апетите на Манџукиќ.

Имено, руските медиуми потврдија дека преговорите се воделе некое време, но се прекинале кога Манџукиќ побарал плата од четири милиони евра по сезона за двегодишен договор.

Во Локомотива биле зачудени и шокирани од тоа што Манџукиќ сакал осум милиони евра за двете години, посебно поради тоа што веќе седум месеци не одиграл некој сериозен натпревар.

Повеќе од јасно е дека рускиот клуб тие негови барања нема да ги исполни и тешко дека било кој друг клуб ќе се согласи да му даде такви услови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…